logo
logo
logo

ДАЛИ ЖИВЕЕМЕ ВО 1724 ГОДИНА, луѓе веруваат во тоа и имаат објаснување

Vecer | 15.04.2021

ДАЛИ ЖИВЕЕМЕ ВО 1724 ГОДИНА, луѓе веруваат во тоа и имаат објаснување

Пеколната година што ја преживеавме (2020 година) беше всушност 1723 година, според хипотезата за фантомското време. Кога велевте „се надевам дека 2021 година ќе биде подобра“, требаше да кажете „1724 година“, според оние кои веруваат во тоа.

Во 90-тите години на минатиот век, неколку германски историчари предложија радикална идеја: средниот век не постоел, а ние всушност живееме низ 18-от век.

За почеток, да ги поминеме нивните несомнено забавни тврдења, пред да преминеме на нивната – „заслуга“.

Во 1582 година, папата Григориј XIII го воведе Грегоријанскиот календар. Пред тоа, поголемиот дел од римскиот свет и Европа го користеа Јулијанскиот календар, кој беше предложен од Јулие Цезар во 48 година п.н.е. Со цел да се поврзе календарот со сончевата година, Јулијанскиот календар има престапна година на секои четири години, во која се додава дополнителен ден.

Проблемот е во тоа што, со оглед на тоа што сончевата година има 365,24219 дена, Јулијанскиот календар брзо (неверојатно полека) добива ден на секои 128 години. За да го објасни ова, кога е воведен Грегоријанскиот календар, папата Григориј требаше да го помести датумот за 13 дена - но, по неговите пресметки, тој го премести за само 10.

Тука има две можности: Папата погрешно пресметал или 300 години од тогаш и сега навистина не постоеле, односно така започнуваат овие теории.

Првпат презентирана од Хериберт Илиг во 1991 година, пред да се прошири во 1995 година од д-р. Ханс-Улрих Нимиц, хипотезата за фантомско време, тврди дека има многу повеќе докази.

Нимиц, вели дека има недостаток на напредок на Западот во ова време, недостаток на евиденција за големи настани како што е ширењето на исламот низ Блискиот исток и - тврди тој - наглото исчезнување, а потоа повторно појавување на еврејскиот народ помеѓу 711-1096 година.

Исто така, укажува на архитектурата за која тој верува дека е анахрона.

„Еден од најдобрите примери, кој интензивно се истражува, е капелата Ахен (околу 800 г. н.е.), која се чини дека е направена приближно 200 години прерано“, пишува Нимиц.

„Начинот на градење на сводот прикажан во оваа капела нема претходник.“

Згради со сличен дизајн се направени, тврди тој, само неколку векови подоцна во 1049 година. За него, најдоброто објаснување за ова - и други прашања, како на пример зошто идејата за чистилиштето не евоолуирала помеѓу 600 и 1100 година од нашата ера - е тоа што времето всушност не поминало, но стотици години се вметнати во календарот привремено.

Кој би го сторил тоа, зошто и како?

Нимиц сугерира дека Отон III, императорот на Светите Римјани, сакал да живее во 1000 г. н.е. "затоа што тоа одговарало на неговото разбирање за христијанскиот милениум", но дека тој е роден стотици години предвреме. Тој и папата (бидејќи во секоја теорија на заговор постои папа) се собрале и го поставиле датумот како 1000 г. н.е., оставајќи празнина од околу 300 години за да се пополнат хрониките.

Во оваа верзија на настаните, Ото го измислил Карло Велики „како примерен херој како што тој самиот сакал да биде“, пред повеќе векови подоцна другите ја разубавувале приказната за Карло Велики, додека други додале своја измислена историја во овој период.

Но иако е забавна оваа теорија сепак човештвото има неверојатно добри записи за астрономските настани, па без историските настани, тие сами можат сами да ја побијат теоријата.

Римскиот филозоф и натуралист Плиниј Постариот го забележал затемнувањето во своите списи, датирајќи го во 59 година.

Покрај тоа, кинеските записи покажуваат  појавување на Халеевата комета почннуваји од 240 година п.н.е., вклучително и пасуси за време на „фантомско“ време, а сето тоа може да се потврди со нашите денешни астрономски пресметки.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk