logo
logo
logo

Дали ви се верува дека ОВА е највалканиот предмет во домот?!

Vecer | 21.06.2021

Дали ви се верува дека ОВА е највалканиот предмет во домот?!

Го изрибавте домот и тоа сосе подови, тоалет, прозорци, прашина... Ги „убивте“ сите микроорганизми, но дали го исчистивте највалканиот предмет во домот?! Знаете ли кој е?

Верувале или не, но највалкан предмет е далечинскиот управувач. И тоа докажано е така, со истражување спроведено од страна на микробиолози од Унивезритетот во Аризона. се покажало дека на далечинското во просек има по дури 320 бактерии.

Колку често треба да се чисти?

Далечинскиот управувач (без разлика дали е за телевизор, клима...) треба да се чисти најмалку еднаш месечно, а пожелно е еднаш неделно.

Со што и како се чисти?

Најпрво извадете ги батериите, па натопете тупфер со алкохол, и со него пребришете ја целата површина. Со стапче за уши натопено во алкохол внимателно исчистете го просторот околу копчињата. Со парче памучна ткаенина исушете го и вратете ги батериите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk