Дали вашите непца крварат при четкање на забите?

Дали имате непријатен мирис во вашата уста? Дали вашите непца крварат при четкање на забите? 

ШТО Е ГИНГИВИТ???

Гингивит е воспаление на непцата (гингивата). Тоа најчесто го предизвикуваат бактерии кои се акумулираат на забите и создаваат дентален плак, кој потоа се индуцира во забен камен и гингивит. Гингивитот е недеструктивен тип на парадонтална болест но ако не се лекува може да премине во периодонтитис кој може да предизвика парадентоза и губење на забите.

Кои се знаци и симптоми на гингивит?

Симптоми што ги опишува пациентот се болни и отечени непца кои крварат при четкање на забите, но во одредени случаи може и да нема забележителни симптоми и непријатности. Главни знаци се:

непцата се светло црвени и виолетови
непцата се болни на допир
лесно крварат при четкање на забите
лош здив
воспаление (отечени непца)

Кои се причини за гингивит?

Акумулација на плак и забен камен

Најчеста причина за гингивит е акумулација на бактериски плак и забен камен меѓу и околу забите, кој може да доведе до уништување на гингивалното ткиво, развивање на парадонтална болест и губење на забите.

Денталниот плак е биофилм кој природно се акумулира на забите. Тој е обично формиран од страна на колонизирачки бактерии.Некои експерти велат дека забниот плак би можел да помогне во заштитата на устата од колонизација на штетни микроорганизми. Сепак, денталниот плак, исто така, може да предизвика расипување на забите и пародонтолошки проблеми, како што се гингивит и хроничен периодонтитис.

Кога плакот не е отстранет соодветно, тој предизвикува акумулација на калкулус (забен камен - има жолта боја) на забите, во близина на непцата. Калкулус е потешко да се отстрани, и се отстранува професионално. Гингивит може да го предизвикаат и други причини вклучувајќи:

Промени во хормоните - кој може да се случи за време на пубертет, менопауза, менструален циклус и бременост.
Некои болести - како што се ракот, шеќерна болест, и ХИВ се поврзани со поголем ризик од развивање гингивит.

Дрога
Оралното здравје можат да биде засегнато од страна на некои лекови, особено ако се намалува протокот на плунка.
Пушењето - редовни пушачи почесто развиваат гингивит во споредба со непушачите.
Фамилијарна историја - експерти велат дека луѓе чии родител(и) имале гингивит, имаат поголем ризик да ја развијат истата болест.

Дијагностицирање гингивит

Стоматологот може да ги испита симптомите кои предизвикуваат гингивит забен плак и забен камен.Проверка за знаци на периодонтитис може да се направат и со рендген снимање.

Каков е третманот на гингивит?

Ако кај пациентот се дијагностицира рано, и лекувањето е брза и правилно, гингивитот може да биде успешно третиран.
Третманот вклучува професионални стоматолошки процедури и процедури кои пациентот ги спроведува дома.

Професионални процедури кои ги спроведува стоматологот се:

Отстранување на забниот плак и забниот камен. Ова е познато како ултарзвучно чистење. Кај некои пациенти може да биде малку непријатно особено ако има поголеми наслаги на забен камен или ако имаат чуствителни непца.

Професионално објаснување на пациентот за важноста на оралната хигиена, и како ефикасно да ги четка неговите / нејзините заби, како и користење на забен конец за недостапните места,
Поправање на забите.

Некои проблеми со забите, како што се искривени заби, лошо направени коронки и мостови, може да направи потешкотии за правилно отстранување забниот плак и забниот камен(тие исто така може да ги иритираат непцата).

Процедури што пациентот треба да ги прави дома се:

Миење на забите најмалку два пати на ден
Користење забен конец после секое четкање во недостапни места
Редовно плакнење на устата со антисептични средства после миење на забите.

Кои се можни компликации од гингивит?

Во огромното мнозинство на случаи, ако гингивитот се третира и пациентот ги следи упатствата на стоматологот не постојат никакви компликации. Меѓутоа, ако гингивитот не се лекува, заболувањето на непцата може да се прошири и да влијае на ткивото, забите и коските, што доведува до периодонтитис.

Можни компликации од гингивит се:

Апсцес во гингивата
Апсцес во виличните коски
Инфекција на коската од вилицата или гингивата
Периодонтитис - ова е посериозна состојба која може да доведе до губење на забите
Гноење на непцата предизвикана од бактериска инфекција
Неколку студии поврзани со гингивалните болести, како што се периодонтити,ги поврзуваат со кардиоваскуларните болести, вклучувајќи срцев удар или мозочен удар. Други извештаи пронашле поврзаност со болест на белите дробови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари