logo
logo
logo

Дали сте меѓу мнозинството? Речиси 80 проценти од луѓето би го промениле ова на телото на нивните партнери

Vecer | 29.11.2021

Дали сте меѓу мнозинството? Речиси 80 проценти од луѓето би го промениле ова на телото на нивните партнери

Во САД e спроведeno истражување на 1.436 луѓе кои биле во врска една година или повеќе. Дури 89 отсто признале дека физичкиот изглед на нивните партнери се променил за време на пандемијата. За 63 отсто од испитаниците промената е на полошо. Тие најмногу се жалеле на прекумерна тежина и дека нивните партнери повеќе не изгледаат толку добро како пред пандемијата.

Дури 79 отсто од испитаниците би сакале нивниот партнер да го изгуби вишокот килограми, во просек по десет килограми. Меѓу оние кои се согласиле да учествуваат во истражувањето, 57 отсто признале дека партнерот ги привлекува помалку отколку пред пандемијата, а 55 отсто рекле дека се засрамени од тоа како изгледа нивниот партнер.

  • 69 отсто од нив сакаат нивниот партнер да се средува поинаку
  • 41 процент сакаат да изберат поинаква фризура
  • 28 отсто од жените изјавиле дека би сакале нивниот партнер да има повеќе влакна на лицето
  • 27 отсто од жените би сакале нивниот партнер да има помалку влакна на градите или грбот

Истражувањето беше спроведено од Advanced Dermatology, пренесува msn.com.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk