Дали правилно го врзувате безбедносниот појас?

Многу возачи кои седат пред воланот, не размислуваат за тоа колку е важен појасот па често го користат неправилно.

Некои од нив, горниот дел го спуштаат под пазувите, а има и такви кои дури закачуваат штипка, за појасот да не ги стега во текот на возењето.

Овој начин на врзување може да доведе до сериозни повреди, па дури и до смртен исход.

"Неправилно врзаниот појас може да доведе до повреди на внатрешните органи, градниот кош, но исто така може да доведе и до повреда на вратот и главата".

Правилно врзаниот безбедносен појас во автомобилот, ви го чува животот, но неговото неправилно користење, не може да ве заштити, напротив, ќе ве доведе до ситуација во која многу полесно ќе може да настрадате во сообраќајот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари