Дали ова е најсрамниот потег во историјата на мото трките?! (ВИДЕО)

Иако најголемите тркачки случувања се одигруваат во највисоката, Moto GP класа, обожавателите на Moto2 шампионатот имале што да видат.

Имено, на патеката во Сан Марино се случило нешто кое досега никој не го видел, а многумина останале во шок по она што го направил младиот возач Романо Фенати.

Фенати во текот на трката имал жестока борба со неговиот ривал Стефано Манзи кој опасно се борел да ја задржи својата предност над него. Романо поради тоа бил жестоко исфрустриран, па на еден правец одлучил да му се освети на Манзи и да го престигне.

Како што му се приближувал, Фенати со својата лева рака ја притиснал кочницата на Манзи и со тоа го забавил, но и ризикувал сериозно да го повреди возачот. За среќа, Стефано останал неповреден, но бил видно изнервиран и шокиран.

Романо Фенати поради своето однесување добил дисквалификација како и забрана да учествува на следните две Grand Prix трки, иако многумина го сметаат ова дело како обид за убиство и велат дека ова е блага казна за тоа што го сторил тој.

"Ова беше неверојатен потег. Сега би требало да ги спакува своите куфери и да не се појавува до следната сезона", изјавил Колин Едвардс, поранешен тркач на Moto GP шампионатот кој смета дека Фенати не размислувал на последиците што автоматски значи дека не заслужува да се најде на патеката.

Погледнете што точно се случило:

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари