Дали некогаш ви игра окото? Еве што тоа навистина значи

На секого барем еднаш во животот му се случило да му игра окото, и да не ја знаете вистинската причина.

Тоа е многу честа појава која влијае на десното или левото око. Конкретни причини за играње или титрање се уште не се познати, но се смета дека главна причина е функционирањето на одредени нервни области. Во медицината, овој феномен е познат како "миокимија" или неволни контракции на очен капак, односно грч на очниот мускул.

Треперење може да предизвика замор, стрес, недостаток на сон, кофеин во големи количини, нервни пореметувања, продолжено гледање на екранот на компјутерот, или недостаток на магнезиум во телото.

Со треперење на очите и чешање на дланките, поврзани се различни митови и суеверија во различни делови на светот. Многумина веруваат дека играње око е баксузен знак, додека во Кина е знак за среќа.

Кина
Играње на десното око се смета за лош знак, а на левото око е знак за добра среќа. Сепак, кај жените ситуацијата е обратна. Исто така, кога игра долнот лев капак, се верува дека личноста ќе плаче или некој друг ја оговара.

Делови од Африка
Во некои делови на Африка, кога горните капачиња на очите играат, тоа е знак на средба со некои неочекувани гости. Таму, играње на долниот капак значи плачење.

Индија
Индијците веруваат спротивното од Кинезите. Играњето на десното око предвидува добри вести, а на левото е лоша среќа.

Хаваи
Играње на левото око за Хавајците е знак за доаѓање на странци, а постојаното играње на тоа око значи проблем во семејството.

Балкан
Играње на левиот горен капак значи среќни вести, а десниот – лоши вести. Играње на двете очи и залепени капаци – значи дека не сте ги измиле очите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари