logo
logo
logo

Дали мажи кои заработуваат помалку од сопругите ПОВЕЌЕ ИЗНЕВЕРУВААТ

Vecer | 23.07.2021

Дали мажи кои заработуваат помалку од сопругите ПОВЕЌЕ ИЗНЕВЕРУВААТ

Кога мажот заработува помалку од жената, тоа го доведува во прашање традиционалниот поим за маж како глава на куќата и го загрозува неговиот идентитет.

Според истражувањето на порталот YouGov, секоја петта личност изневерувала барем еден партнер и се чини дека оние што изневеруваат имаат некои заеднички карактеристики. Така, ова истражување, кое беше презентирано на годишниот состанок на Американското здружение за социологија, покажа дека колку е маж повеќе економски зависен од жената, толку е поголема веројатноста да ја изневери.

Авторот на студијата, д-р Кристин Мунш, доцент по социологија на Универзитетот во Конектикат, испитала 1.000 мажи и 1.500 жени во брак или кои живеат со партнер, на возраст од 18 до 28 години, и откриле дека мажите кои се целосно зависни од приходите на нивната партнерка изневеруваат пет пати почесто од мажите кои придонесуваат колку жените во буџетот на домаќинството.

Студијата исто така покажала дека мажите кои заработуваат значително повеќе од жените изневеруваат повеќе од просекот.

„Заработувањето помалку пари од жената, секако може да го загрози родовиот идентитет на мажите, ставајќи го под знак прашалник традиционалниот поим за маж како хранител“, рече Кристин Мунш, а од другата страна на спектарот се мажи кои заработуваат многу повеќе од нивните партнерки, тие имаат повеќе можности за изневерување (на пр. поради долгото работно време, патувања и поголеми приходи што го прават изневерувањето полесно да се прикрие).

Од друга страна, жените кои се финансиски зависни од своите партнери, покажува студијата, не изневеруваат повеќе од другите жени.

„Се чини дека економската зависност за жените има спротивен ефект: колку повеќе зависат од своите партнери, толку е помала веројатноста да се впуштат во неверство“, објасни Кристин Мунш.

Според студијата, жените кои биле целосно зависни од приходите на своите партнерки изневериле дури 50 проценти помалку од жените кои заработуваат исто како и нивните партнери.

„Ова покажува дека пониските примања не се закана за жените, тоа е нешто што е заедничко за нив“, рече Кристин Мунш, додавајќи дека економски зависните жени имаат помала веројатност да ги изневеруваат своите партнери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk