logo
logo
logo

Дали мачките навистина НЕ САКААТ?

Vecer | 07.02.2021

Дали мачките навистина НЕ САКААТ?

Пред неколку години беше објавена студија во која се испостави дека многу трудови претходно за мачките се погрешно протолкувани. Во крајна линија е дека мачките ги сакаат своите сопственици помалку од кучињата.

„Pet Health Network“ одлучи да претстави истражување и да ги објасни заклучоците што ги донесоа со цел да ги охрабри сопствениците на мачки да веруваат во своите миленици и да не веруваат во „допадливи“ написи на Интернет кои повеќе одат во прилог на кучињата.

Истражувањето, спроведено од Алис Потер и Даниел Милс, опфати 20 парови, сопственици и нивните мачки.

Мачките биле сместени во просторија со два стола и неколку играчки, а прозорците биле целосно покриени.

Камерата ја снимала интеракцијата помеѓу секоја мачка, сопственикот и странец - заминување на сопственикот, враќање на сопственикот, заминување и враќање на странецот итн. Истражувачите користеле тест познат како „Ainsworth Strange Situation“ за да го утврдат однесување на мачките и нивната врска со сопствениците.

Резултатите покажале дека мачките биле погласни кога сопствениците ја напуштиле просторијата отколку кога странецот го сторил тоа, но дека не виделе дополнителни докази кои би сугерирале дека врската помеѓу мачката и сопственикот е нераскинлива.

Откриле дека многу аспекти на однесувањето на мачките не се во согласност со карактеристиките на поврзаност.

Сепак, тие забележале дека тестот не испитувал дали има разлики во врзувањето мачки кои се наоѓаат само во затворени простории и во надворешен простор, затоа, овој тест не е најефективната алатка за утврдување на асоцијација на мачки за нивните сопственици.

Истражувачите заклучиле дека, како што навеле, не сакале да имплицираат дека мачките не можат да формираат некаква форма на блиска врска или врска со нивните сопственици, но дека односот што мачките го имаат со нивните сопственици не може да се карактеризира типично.

Ова значи дека мачките не покажуваат ист вид на врска како кучињата. Кучето го гледа сопственикот како извор на сигурност, додека мачките покажуваат неколку видови на однесување што би ги нарекле „независни“.

Ова не значи дека мачките не уживаат со своите сопственици, туку едноставно бараат човечко друштво од други причини.

За разлика од кучињата, кои се дружат и живеат со луѓето, мачките не бараат човечка „помош“ за да ги задоволат нивните дневни потреби. Тие јасно формираат социјална врска со нивните сопственици и покажуваат одредено приврзано однесување.

На крај, не дозволувајте разните наслови да фрлат семе на сомнеж во љубовта на вашата мачка кон вас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk