Да се одбере кум е крупна одлука, од друга страна, доста голема одговорност е кога некој нас ќе не одбере за оваа битна улога.

Меѓу народите на Балканот, па и пошироко постои изрека дека “кумство не се одбива“, кое е проследено со низа од верувања.

Едно од верувањата гласи, ако одбиете да бидете кум на венчавање, низ животот ќе ве следи несреќа и никогаш нема да ја пронајдете вашата сродна душа, бидејќи сте одбиле пред Господ и луѓето, да сведочите за брак помеѓу двајца.

Некои луѓе веруваат дека покрај несреќа во љубовта одбивање кумство се однесува и на осаменост до крај на животот и дека оној кој ќе одбие кумство покрај себе нема да има вистински пријател.

– Кумот е личност од доверба, најчесто најдобар пријател. Ако ве повика за кум некој кој не ви е близок, логично е дека ќе се двоумете. Затоа е најдобро да бидете искрен – вели архимандритот Никитовиќ.
Друго народно верување е што човек кој одбие да биде кум на крштевање на дете никогаш нема да има пород. Со други зборови нема да има деца, бидејќи не е подготвен на себе да преземе голема духовна обврска.

– Тамам работа. Тоа се обични верувања кои се кршат со православието. Кумот треба да биде духовен водач на своето кумче. Да го води низ животот и да биде негова подршка. А како тоа да биде ако не сака, вели и додава дека сега кумството е сосема поразлично од порано. Старите кумстава биле одржувани и на некој начин традиционални, додека денес на ваквиот чин повеќе се гледа преку материјална призма.

– Може многу лесно да се случи човек кум да одбере според материјалната состојба, со што во блиска иднина би си овозможил корист. Е па и тоа не е втемелено во православието, бил јасен архимандритот.