logo
logo
logo

Дали книгите „Игра на тронови“ ЌЕ ЗАВРШАТ КАКО СЕРИЈАТА - ЕВЕ ШТО ВЕЛИ АВТОРОТ

Vecer | 02.07.2021

Дали книгите „Игра на тронови“ ЌЕ ЗАВРШАТ КАКО СЕРИЈАТА - ЕВЕ ШТО ВЕЛИ АВТОРОТ

Џорџ Р.Р.Мартин им откри на медиумите дека книгата „Игра на тронови“ ќе има поинаква завршница во споредба со популарната серија на HBO, чие финале предизвика бројни негативни реакции кај обожавателите.

За време на интервјуто во емисијата „Добро утро Америка“, Мартин откри дека пишувањето на шестата книга добро напредува и дека се очекува и крајот.

Писателот откри дека на почетокот не се надевал дека серијата ќе ја надмине неговата книга. Кога серијата започна да се емитува во 2011 година, Мартин веќе имаше напишано пет книги.

- Имав голема предност од пет книги, тоа е голема предност. Не се надевав дека ќе ме престигнат, но сепак поминаа - рече Мартин во емисијата.

Мартин исто така рече дека продуцентите на серијата морале да ги земат работите во свои раце поради големата гледаност кога серијата го надминала романот. Тој остана мистериозен за крајот на својата книга и на фановите им порача кратко и јасно „ќе го видите крајот кога ќе излезе“.

Сè уште не е прецизирано кога ќе биде објавено следното продолжение

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk