logo
logo
logo

Дали е ова реално: ВАКВО БЕГСТВО ОД ЗАТВОР НЕМА НИ ПО ФИЛМОВИ (видео)

Vecer | 24.05.2021

Дали е ова реално: ВАКВО БЕГСТВО ОД ЗАТВОР НЕМА НИ ПО ФИЛМОВИ (видео)

Во казнено-поправната единица Пинера, недалеку од аргентинскиот град Росарио, двајца затвореници на возраст од 20 и 23 години избегале, а случајот со нивното бегство е снимен на безбедносните камери.

Тоа што случајот го прави неверојатен е што затворениците тоа го сториле криејќи се во колички со картонски кутии со облека и храна, пишуваат тамошните медиуми.

Стражарите забележале дека двајцата затвореници се водат за исчезнати само по неколку часа поминато во редовното пребројување, а поради сомневање дека „го олесниле нивното бегство“, уапсени се 10 вработени во овој казнено-поправен дом, вклучувајќи го и директорот.

Во меѓувреме, уапсен е бегалецот Карлос Д’Анџело (23), неговата партнерка Јохана Кабрера, која му помогнала да избега, како и Јанина Лопез, сопственичка на куќа во градот Вила Гобернадор, каде што пристигнал затвореникот по бегството .

По другиот бегалец, Уго Пералт, се уште се трага.

Д’Анџело е осуден на затвор во 2014 година за убиство за време на грабеж, а Пералта веќе еднаш се обидел безуспешно да избега.

https://youtu.be/50cOvFKzGIE

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk