logo
logo
logo

Дали ЏЕЈМС БОНД ТРЕБА ДА БИДЕ ЖЕНА? Еве што мисли Даниел Крег

Vecer | 21.09.2021

Дали ЏЕЈМС БОНД ТРЕБА ДА БИДЕ ЖЕНА? Еве што мисли Даниел Крег

Актуелниот Џејмс, Бонд, Даниел Крег смета дека ликот не треба да го игра жена, бидејќи жените заслужуваат улоги што се напишани за нив, а не за мажи.

Во интервју за Радио Тајмс, Крег рече дека треба да има подобри улоги за жените и актерите од сите раси.

„Зошто жена треба да го глуми Џејмс Бонд кога всушност треба да има подеднакво добри улоги како оваа, но за жени?“, запраша Крег.

Многу актерки ја поддржаа оваа изјава и веруваат дека оваа улога треба да ја игра маж.

Продуцентот на оваа франшиза, Барбара Броколи, во интервју за Variety во 2020 година рече дека Џејмс Бонд може да биде од која било раса, но дека треба да биде маж.

Таа објасни дека попрво би создала нови ликови што би можеле да ги играат жени, отколку да им даде на жените улоги што првично беа напишани за мажи.

"Верувам дека треба да создадеме нови ликови за жени, силни женски ликови. Не сум особено заинтересирана да дадам оригинално машки карактер на жена. Мислам дека жените се далеку поинтересни од тоа", заклучила таа.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk