logo
logo
logo

Дали БИ РАБОТЕЛЕ во вакво нешто? (ФОТО)

Vecer | 16.09.2021

Дали БИ РАБОТЕЛЕ во вакво нешто? (ФОТО)

Работата од дома стана масовна поради пандемијата и дефинитивно ги помести границите во светот на бизнисот.

Со текот на времето, се роди потребата канцелариите во домот да бидат поубави, попрактични и поудобни. Се прашувате како удобноста и малиот простор одат заедно? Еве еден соодветен пример.

Јапонскиот дизајн е познат по својот минимализам и по едноставни работи. Затоа, не е изненадувачки што водечкиот градител во земјата се обидува да се „справи" со недостатокот на простор дома, па затоа гради мали објекти како канцеларии.

Може да се направат до куќата за само два дена, ако времето дозволи.

Т.н Ханаре Зен е  објект широк 91 цм и должина 1,8 метри, опремен со приклучоци за струја, биро и со многу малку детали.

„KI Star Real Estate“, популарна градежна компанија, на 6 септември започна да прима нарачки за Ханаре Зен, со надеж дека ќе најде клиентела меѓу оние што работат од дома, но во тесен простор.

Ханаре на јапонски значи „одделно“, додека Зен е добро познат поим. Всушност, Ханаре првично е создаден како еден вид простор за складирање, но поради ситуацијата со пандемијата, се појави потреба да се развие во работен простор.

Зен во името има симболично значење и претставува минималистички концепт, така што се прифаќа само она што навистина е потребно во работниот простор. Како што можете да видите на фотографиите, тоа е биро, стол, светилка, лаптоп, слика на ѕид, растение.

Велат дека е наменета за луѓе кои имаат потешкотии да најдат удобен простор за работа во својот дом и не сакаат да го вознемируваат своето семејство, пренесува Гардијан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk