Двајца доктори ја одбиле кога побарала повторно да и ги зголемат градите!

Австралиската медицинска сестра Тара Џејн Меконахи потрошила повеќе од 200.000 евра на пластични операции!

Таа станала „славна“ кога пред неколку години се појави во шоуто „Botched“ во кое дојде кај познати пластични хирурзи за да и стават уште поголеми гради.

 

 

Тогаш била одбиена и советувана да се посвети на менталното, но и на физичкото здравје, но таа решила да го игнорира овој предлог и да продолжи со операциите.

Досега Тара пет пати ги зголемила градите, шест пати го оперирала носот, а ботоксот и филерите, според сопствената исповед „веќе не се бројат“.

 

На Инстаграм ја следат десетици илјади следбеници, а сега папараците успеале да ја фотографираат и да покажат како навистина изгледа.