logo
logo
logo

ШОКАНТНО ВИДЕО

Дадилка го спасила бебето што го чувала од сигурна смрт

Vecer | 14.06.2021

Дадилка го спасила бебето што го чувала од сигурна смрт

На Редит е објавено шокантно видео кое покажува дадилка која спасува бебе од сигурна смрт и тоа само неколку секунди пред врз колепката во која тоа спие, да се урне таванот. Во видеото јасно се гледа како жената втрчува во собата, го граба бебето, го вади од постелата и бега со него. Набрзо потоа се гледа како се урива таванот.

Настанот се случил на 24 март. Некои корисници велат дека времето одговара со силниот потрес на Филипините, но некои тврдат дека видеото е од Кувајт или Саудиска Арабија и дека до уривање дошло заради поплава која го ослабнала таванот. Во секој случај, најважна од се е реакцијата на дадилката која му го спасува животот на детето.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=XwUdej7uAek&t=33s[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk