logo
logo
logo

Животната инспирација на Достоевски

„Чекајќи ја смртната пресуда би избрал да живеам, МАКАР И ВЕЧНО ДА СТРАДАМ“

Vecer | 10.06.2021

„Чекајќи ја смртната пресуда би избрал да живеам, МАКАР И ВЕЧНО ДА СТРАДАМ“

Фјодор Михајлович Достоевски, еден од најголемите руски, но и светски книжевници на 23 април 1849 година бил уапсен и затворен  под обвинение дека учествувал во револуционерните активности против царот Николај I.  На 16 ноември истата година бил осуден на смрт поради делување против власта во склоп на интелектуалниот круг, т.н. „Петрашевски круг“, заедно со другите водечки членови на кружокот.

Откако му било изведено лажно стрелање на 22 декември 1849 година, кога му биле врзани очите и бил оставен да чека на студеното време, Достоевски бил помилуван и во јануари 1850 година бил испратен на присилна работа во работничкиот логор „Каторга“ во Омск, во Сибир.

Таму тој бил погоден од бројни епилептички напади, за кои имал генетски предиспозиции. Во 1854 година бил пуштен од затвор и следните пет години ги поминал како поручник во седмиот баталјон, стациониран во тврдината во Семипалатинск, во Казахстан.

За овие тешки денови, и моментот на избор помеѓу живот и смрт, еве што напишал?

„Многу добро се сеќавам на последниот момент. Пред да ми ја навлечат вреќата врз мене, видов блесок на бајонет од оружјето што го држеа војниците, ремени, високи капи. Свештеникот ми пријде, ми донесе крст и го бакнав.

Ми ставија вреќа. И еве ги чудата. Не е нормално да се гледа нешто со вреќа на главата, а јас гледам. Гледам од вреќата! До најмали детали. Гледам војници, бајонети, генерали на коњи, лица на службеници ... до најситни детали. Гледам прст на војник на чкрапалото. Сè во дел од секундата, дали разбираш? И тогаш се слушнаа тапаните, сè снема и јас само ја чекав командата „Оган!“.

И еве која мисла ми дојде одеднаш. Само за момент. Мислев дали ќе ме стават на мала потпора на највисоката карпа над бесконечниот океан и ќе ме прашаат што ќе одбереш: дали ќе стоиш на таа потпора, со години, децении, да не можеш да се поместиш, а да под тебе се наоѓа океанот или да избереш друго, да скокнеш во провалија и засекогаш да го завршиш страдањето?

Да ме прашаа што да изберам, дали да застанам на таа потпора над рикавиот океан или да се фрлам. Без размислување, би избрал да живеам. Да живеам, па макар и вечно да страдам од неговата волја.

Можеби Врховниот судија е горе, тој мораше да ме одведе на присилна работа. Да таму го разберам најважното, без кое не може да се живее.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk