logo
logo
logo

Д-р Беќаровски: Хроничен замор, опаѓање на коса се само дел од постковид симптомите

Vecer | 28.01.2022

Д-р Беќаровски: Хроничен замор, опаѓање на коса се само дел од постковид симптомите

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во последната објава на Фејсбук ги сподели последните истражувања и наоди на истражувачите од Универзитетот во Хонг Конг кои укажуваат дека нарушувањето на бактериите во цревата е поврзано со постковид периодот.

- Еве и научна студија зошто одржувањето на микрофлората во Вашите црева е круцијална во постковид периодот.

Хроничен замор, опаѓање на коса итн. се само дел од постковид симптомите кои се јавуваат од нарушената микрофлора. Микрофлората најлесно се нарушува од неконтролирана употеба на антиботици!

Сега можеби ќе Ви стане појасно зошто грлата ни се исушија со моите почитувани колеги Никола Пановски и Драган Даниловски, во апелите за рационална употреба на антибиотиците кај Ковид болните, пишува Беќаровски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk