Чудо во Ливерпул: Прилепско бебе се роди на исти датум како татко му, дедо му и тетка му (ВИДЕО+ФОТО)

Прилепско бебе се родило на ист датум како и својот татко и дедо, во болницата "Аrrowe Park" во Ливерпул, нешто за што веројатноста дека може да се случи е еднаш на 48 милиони случаи – пишува локалниот портал "Леверпул Ехо". Филип Павлоски (34) по професија физикален терепевт од Прилеп, ги вчудоневидел вработените во болницата, кога им објаснил дека тој е роден во сабота на 6 октомври 1984 година, а неговиот татко Киро е роден исто така во сабота на 6 октомври 1956 година.

За чудото да биде уште поголемо, сопругата на Филип, Цветомира (31) по потекло од Бугарија, кажала дека и нејзината сестра е исто така родена на 6 октомври 1983 година.

Филип кој работи во "Ројал Ливерпул Болницата", за "Ливепул Ехо" рекол:

– Очекувавме детето да се роди на први октомври, и си реков супер тоа е пред мојот роденден, но на крајот исходот бил малку поинаков.

Татко му на Филип, Киро (62) сеуште живее во Македонија и е воодушевен од веста.


Поврзани

Најнови вести

Коментари