logo
logo
logo

ЧУДО ОД ДЕТЕ: Роден е без кожа и со затворени очи, неговите родители планирале погреб, но тој успеал да се избори

Vecer | 13.05.2021

ЧУДО ОД ДЕТЕ: Роден е без кожа и со затворени очи, неговите родители планирале погреб, но тој успеал да се избори

Приказната за малиот Греј кој се родил на 1 јануари 2019 година деновиве е главна вест во светските медиуми.

Впрочем, по цели 11 месеци поминати во болница неговите родители Присила и Марвин од Тексас конечно го однеле дома.

Малиот Греј се родил со исклучителна ретка болест која се уште е мистерија за докторите, пишува Net.hr.

-Кога се роди тежеше само 1.36 килограми. Неговата кожа беше црвена и буквално му се гледаа сите вени. Се беше изложено, објаснува Присила за “Today”.

За време на нејзината бременост се до 37та неделата снимките од ултразвукот покажувале дека малиот Греј се развива одлично. Меѓутоа во 37та недела докторите и кажале дека бебето не се развива добро односно дека срцевиот ритам му е забавен. Поради тоа докторите морале да извршат итен царски рез и да ја породат Присила.

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=106&v=OLcAV6mi4-A&feature=emb_title[/embed]

За разлика од претходните два нејзини породувања, овој бил многу тивок. Но штом ги отворила очите по операцијата, нејзиниот живот се сменил.

Докторите и соопштиле дека Греј има кожа само на главата, лицето и на некои делови од рацете и нозете па оттаму никој од нив не знае дали тој ќе преживее. Очите му биле затворени, а му била потребна помош и при дишењето како и лекови против болки.

-Кога имаше три месеци неговата состојба се влоши а ние почнавме да го планираме и погребот, додава таа.

Седум месеци подоцна Греј има 6.35 килограми и неговата состојба се подобрува благодарение на комплицираната трансплатација на кожа која била извршена во Детската болница во Хјустон.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Fl88kspeD6s[/embed]

Болеста се уште за докторите е мистерија

Неговите родители биле изложени на многубројни генетски тестови се со цел да се утврди дали се носители на ген кон кој може да предизвика вакви проблеми. Меѓутоа мистеријата станува уште поголема бидејќи младиот Греј не може да ги отвори очите од денот кога е роден.

Истовремено, Присила и Марвин започнале и хуманитарна кампања со која собираат донации за да можат да ги платат операциите и третманите кои му се потребни на Греј.

И покрај предупредувањата на лекарите дека бебето нема да преживее сепак малиот Греј неодамна успеал да ја преживее и операцијата на очите.

-Оваа операција беше голем успех за нас. Бевме пресреќни бидејќи му ги видовме очињата, вели неговата мајка.

Малиот Греј првиот роденден го прославил дома. Неговите родители велат дека последната дијагноза која е утврдена е вродена аплазија на кожата и дека моментално тој напредува и неговата состојба се подобрува.

-И со право го викаат чудо од дете, завршува таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk