logo
logo
logo

ЧУДО ОД ДЕТЕ: Имала само три години кога се изгубила во шума, цели 11 дена ги поминала сама со волци и мечки!

Vecer | 22.06.2021

ЧУДО ОД ДЕТЕ: Имала само три години кога се изгубила во шума, цели 11 дена ги поминала сама со волци и мечки!

Запознајте ја Карина Читикова која кога имала само 3 години поминала 11 дена во сибирска тајга преполна со волци и мечки....сама.

Многумина за неа велат дека е женската верзија на Могли.Нејзината единствена поддршка во тие 11 дена поминати во шума било нејзиното кутре Надиа која за време на ладните ноќи лежела до неа при тоа спасувајќи ја од премрзнување.

Карина се изгубила откако си играла и во тајност го следела својот татко кој влегол длабоко во шумите тој ден. Во еден момент таа го изгубила од вид и останала сама. А за да преживее таа јадела бобинки и пиела вода од изворот во шумата. Кога нејзиното семејство сфатило дека ја нема, тие организирале акција за спасување. Деветиот ден од исчезнувањето на Карина, на прагот на нејзината куќа се појавило нејзиното кутре се со цел да побара помош. Па така кутрето на Карина ги однело екипите за спасување на местото каде се наоѓа таа.

По два дена потрага во околината, Карина е пронајдена како седи во дупка опкружена со грмушки. Таа била гладна, уморна а нејзиното тело било покриено со убоди од комарци и инсекти -  но таа не била воопшто уплашена.

-Се борев и успеав, им рекла Карина на нејзините родители.

Набрзо потоа таа целосно се опоравила од овој немил настан а со цел да се прослави нејзината храброст но и храброста на нејзиното кутре, локалните власти организирале прослава за подигање на споменик на кој се Карина и нејзиното куче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk