logo
logo
logo

Кој беше човекот кој му се спротивстави на Хитлер и ЗАГИНА НА БАЛКАНОТ

Vecer | 23.02.2021

Кој беше човекот кој му се спротивстави на Хитлер и ЗАГИНА НА БАЛКАНОТ

Договорот од Версај ја запечати судбината на германската економија, која веќе беше уништена од загубите во Првата светска војна. Стапката на невработеност вртоглаво се зголеми, така што од два милиони во 1926 година, бројот на невработени Германци до 1932 година се искачи на шест милиони.

Ова влијаеше на проширување на црниот пазар, а луѓето стануваат сè понезадоволни од владата. Нацистичката партија го искористи моментот на општо незадоволство и започна да им ветува работни места на своите членови, и така нивното членство започна да расте, како и нивната популарност.

Луѓето лесно беа заведувани од агресивната реторика на Хитлер, а имаше и такви кои влегоа во неговата партија само за да преживеат. Август Лендмесер стана член на Нацистичката партија во 1931 година, две години пред Хитлер да стане канцелар на Германија. Иако не беше воодушевен од приказната за чиста раса, тој продолжи да биде дел од таа приказна со цел да добие работа.

Во 1934 година, Август се запозна со Еврејката, Ирма Еклер, во која се вуби, а парот набргу се вери. Ова беше спротивно на правилата на Нацистичката партија и Ландмасер беше протеран од партијата.

Нивните планови беа спречени со неславните закони, кои беа вовед во официјалната расна политика на нацистичка Германија. Законот предвидуваше дека се забрануваат бракови помеѓу Евреи и други поданици на германската држава или крв. Браковите склучени во меѓувреме се сметаа за неважечки, дури и ако беа склучени во странство со цел да се избегне овој закон.

Еден месец откако тие ја добија ќерката Ингрид, стапи на сила познатиот закон. Нивниот брак стана неважечки, а одгледувањето дете во вонбрачна заедница со Евреин се претвори во пекол.

По две години понижување и живот од страв, Ландмесер реши да ја напушти Германија во 1937 година. Заедно со неговата бремена сопруга и детето, тој се обиде да ја премине границата со Данска, но беше уапсен бидејќи.

Парот тврдеше дека не биле свесни за вистинското потекло на Ирма, а Август беше ослободен една година подоцна поради недостаток на докази, со предупредување дека и двајцата ќе завршат во затвор доколку останат во заедницата.

Во 1938 година, само два месеци по ослободувањето на Август, дојде Гестапо и ги уапси двајцата затоа што продолжија да живеат во заедница.

Ирма заврши во логор и ја доживеа истата судбина како и нејзините сонародници. Август го помина тоа време во работен логор. Очувот на Ирма, Германец, успеа да ја спаси Ингрид, родена пред да се донесе законот, а помладата девојка Ајрин живееше во згрижувачко семејство.

Август Лендмесер почина некаде во борбите на Балканот во Хрватска во 1944 година. Во 1951 година, властите во Хамбург ретроактивно го признаа бракот на Август и Ирма и и дозволија на постарата ќерка да го земе татковот презиме.

Познатата фотографија на која Ландмесер му пркоси на Фирерот, најверојатно е направена во 1936 година додека работел во бродоградилиште при откривањето на новиот пловен објект, работниците останале зачудени кога го виделе Хитлер лично пред бродот, а Август, чија сопруга и дете во тоа време биле јавно понижени, не сакал да го поздравува и така стана легенда.

Иако неговиот гест остана врежан во меморијата на многу луѓе, името на Август Лендмезер не е толку добро познато. Фотографијата, на која овој човек, опкружен со луѓе кои го поздравуваат Хитлер, ги држи рацете вкрстени, стана симбол на пркос и тивка борба против злото што се наираше над светот во тие години.

Овде живее твоето дете и неговата ограбена мајка…

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk