logo
logo
logo

ЧОКОЛАДО САМО ЗА БОГАТИ, чини 7.728 евра и има свои чувари (ФОТО)

Vecer | 09.05.2021

ЧОКОЛАДО САМО ЗА БОГАТИ, чини 7.728 евра и има свои чувари (ФОТО)

Најскапата чоколада на светот е ограничено издание од 1.000 чоколадни бонбони во вредност од дури 7.728 евра по парче.

Секоја бонбона е покриена со злато што може да се јаде. Ова чоколадо беше изложено на фестивалот на чоколадо во Португалија, а поради високата цена имаше и свои стражари.

Чоколадните бонбони се полни со шафран, бели тартуфи, ванила од Мадагаскар и златни лисја.

Креатор на чоколадото е слаткарот Даниел Гомез, кој рече дека чоколадото во форма на дијамант влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапо во светот.

Чоколадното пакување е во форма на круна и е украсено со 5.500 кристали Сваровски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk