logo
logo
logo

Четкичката за заби сите ја чуваме во купатилото, а НЕ БИ ТРЕБАЛО: Ќе ви се згади кога ќе чуете зошто (Видео)

Vecer | 07.06.2023

Четкичката за заби сите ја чуваме во купатилото, а НЕ БИ ТРЕБАЛО: Ќе ви се згади кога ќе чуете зошто (Видео)

 

Не постои човек кој не ја чува четката за заби во бањата, но експертите откриваат кои се „гадните“ причини зошто не би требало да го правиме тоа.

Иако се обидувате редовно да ја одржувате бањата чиста, секогаш кога пуштате вода во тоалетот, бактериите и фекалните честички завршуваат во воздухот и насекаде наоколу, вклучително и на вашата четка за заби. Ова значи дека ситни капки човечки отпад, веројатно, ќе завршат на вашата четка за заби секогаш кога ќе ја измиете.

 

 

Затоа, експертите советуваат да се спушти капакот на тоалетната школка за да се спречи невидливите честички од фекалии да завршат насекаде. Некои дури советуваат да ја чувате вашата четка за заби во спалната соба или да набавите покривка за неа.

Исто така, истражувачите од Универзитетот „Колорадо Боулдер“ во САД снимиле честички од мали течни капки од тоалетната школка, кои обично се невидливи со голо око.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk