Четка за тоалет со ликот на Доналд Трамп стана хит во Нов Зеланд

Четка за тоалет со ликот на американскиот претседател Донал Трамп е вистински хит во Нов Зеланд. Четката по цена  од 20 долари се продава онлајн и досега над 2.000 лица ја порачале.

Четките за тоалет со Доналд Трамп се продаваат на интернет страницата еtsy.com, а продавачот ги рекламира како моќна алатка која ќе направи тоалетот повторно да свети.Популарната четка на крајот на рачката го има ликот на Трамп облечен во син костум и црвена вратоврска.

,,Нека ви светне домот повторно. Ниту еден претседател немал ваква тоалетна четка како мојата”, напишал продавачот на објавата на сајтот.

Производот досега има добиено најдобри оценки и 5 ѕвездички од купувачите.

,,Го сакам овој кул и уникатен предмет. Очекувам да го подарам на Божиќ”, вели еден од купувачите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари