Најбогатите девојчиња во светот се богати благодарение на нивните родители. Тие потекнуваат од семејства на пејачи, актери, ѕвезди на реални шоуа и спортисти. Сакајќи да бидат посебни, родителите им даваат необично и уникатно име. Тие денес се тинејџерки, но за 10 години – ќе доминираат на светската џет-сет сцена.

Погледнете за кого се работи:

Харпер Севен Бекам (11 години)

Харпер е родена ѕвезда. Уште кога Викторија забремени, многу се шпекулираше дали овој пат ќе роди девојче. Откако Харпер дојде на светот на 10 јули 2011 година, веста за нејзиното раѓање го обиколи светот.

Самата Харпер ја инспирираше мајка си Викторија за сосема нов концепт на облека „Мама и јас“. Девојчето од првите денови на животот е редовен гостин на речиси сите модни ревии. Иако има 11 години, Харпер има своја страница на Инстаграм.

Ема Марибел Муниз (14 години)

Ема е ќерка на пејачката и актерка Џенифер Лопез и Марк Ентони. Талентот за музика го наследила од нејзините познати родители. Ја придружува Џенифер на сите музички турнеи и пее некои песни со неа. Неодамна почна да се пишува дека Ема бара да ја нарекуваат „тоа“ наместо „таа“ бидејќи не сака да и го дефинираат полот.

Бидејќи го обожава Бен Афлек, неколку пати е видена во негово друштво, а моментално не се знае каде се наоѓа, бидејќи нејзината мајка е на меден месец.

Норт Вест (9 години)

Ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест може да биде само некој со силна личност каква што навистина е Норт Вест. Кога се роди, сите зборуваа за нејзиното необично име, кое на почетокот звучеше многу бизарно. Сепак, со текот на времето се навикнавме, особено што со такво необично име дојде и девојче со необичен карактер.

Блу Ајви (10)

Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи е најстарото дете на музичките магнати. Блу Ајви има само 10 години и нејзиното име е законски заштитено, што значи дека никој друг на светот не може да се вика како и таа.

Блу Ајви почнала да заработува кога имала само осум години. Првата плата ја добила како наратор на аудио книгата „Hair Love“, филм кој доби Оскар за најдобар краток анимиран филм.