logo
logo
logo

Четири модела на фустани за оваа есен!

Vecer | 30.09.2022

Четири модела на фустани за оваа есен!

Ребрасто плетени фустани

Љубителите на рачната работа ќе се согласат дека нема ништо поубаво и поавтентично од плетена облека, како џемпери или уште подобро, фустани. Плетената облека пред сè, изгледа удобно и елегантно, а во студените денови во неа секако ќе ви биде топло. Ваквите плетени фустани одлично се комбинираат со чизми до колена или со ватирана јакна. Покрај тоа, ќе бидете оригинални бидејќи не секој знае да носи такви фустани. Се предвидува дека ќе бидат „задолжителни“ оваа есен.

Макси фустани

Ако мислевте дека се наменети само за лето, тоа не е така. Иако се изработени од друг материјал, прилагоден на постудените денови, макси фустаните или оние што се протегаат до нозете, оваа есен ќе бидат застапени на улиците. Освен што се тренди и лежерни, ќе ве стоплат и во наредните денови, а при тоа не ја кријат премногу вашата фигура.

Фустани со графички детали

Веројатно сте забележале дека некои луѓе и при облачно и мрачно време носат „живи“ бои и ја разбиваат монотонијата на студените денови. Фустаните со графички детали воовие денови се идеален избор за да внесат малку ведрина и да го подигнат вашето расположение. Различни анимации на нив ќе дојдат до израз доколку ги комбинирате со џемпер или сако.

Минималистички, но ефектни фустани

Фустаните во класични бои никогаш не излегле од мода, а особено се во тренд оваа есен. Ако изберете еден од овие, обрнете внимание на додатоците кои би требало да дадат посебен печат. Сепак, овие ефекти не треба да бидат премногу нападни. Овие фустани можете слободно да ги носите преку ден, но и навечер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk