Често сте слушале за втилига : Еве како настанува и како се лечи болеста која зазаема се поголем замав!

Причини за појава на витилига се уште се непознати

Појавата на мали, светли и бели флеки на кожата кои зафаќаат поголема површина е појава која најмногу се случува во овој период од годината. Поради изложеност на сонце, последица од тоа е губење на пигмент на одредени делови на телото, со што околната кожа е здрава и нормална. Ова заболување се вика Витилига.


Флеките најчесто се јавуваат на лице, особено околу устата и очите, по вратот, колената, лактовите и дланките. Во најголем број ова заболување настанува меѓу десетата и триесетата година од животот, понекогаш може да се појави и во рано детство.

Причини за појава на витилига се уште се непознати, бидејќи бројните истражувања не довеле до единствен заклучок.

Стресот не е единствена причина

- Научниците со години се обидуваат да ја разрешат дилемата дали витилига е заболување кое настанува кога организмот почнува да развива анти тела на меланоцисти, при што сопствени клетки носата пигмент, или го предизвикува оксидативен стрес на клетките и ослободува голем број слободни радикали кои ги оштетуваат меланоците. Стресот може да го зголеми веќе постоечкото заболување, но неможе да биде единствен виновник за појавата на витилига. Освен тоа, има индиции дека оваа болест е генетски предодредена, велат докторите.

Спрема пациентот и терапија

Кога станува збор за лечење, докторите велат дека терапијата се разликува од пациент со пациент и дека најмногу зависи од тоа колкав е обликот на флеката, на кои делови од телото е распространета. Така на пример витилига на лице многу полесно се лекува од оние кои се појавуваат на рацете и стопалата.

- Кога од болета се зафатени помали површини на кожата, обично се препорачува мачкање со кортикостероидни и имунодулаторни креми. Заболеното место мора да се третира најмалу два месеа, но понекогаш оваа терапија не е доволна, па се комбинира со UV и UVB зрачење, кое бара време и упорност.

UV зрачењето се применува на почеток на лечење во случај кога болеста е раширена на поголема површина по телото. Кога од болеста е зафатена половина од површината на кожата, болеста се лечи така што се предизвикува депигментација на оној дел од кожата кој сеуште не е зафатен.

 

Кога операција е решение

Операција може да се примени кога болеста е стабилна, односно кога во период од една година нема нови промени на кожата, велат докторите.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари