logo
logo
logo

Чарлс и Камила ФАТЕНИ во костими за капење: РАЗГОЛЕНИ ФОТКИ на кралот и кралицата

Vecer | 02.10.2022

Чарлс и Камила ФАТЕНИ во костими за капење: РАЗГОЛЕНИ ФОТКИ на кралот и кралицата

Членовите на британското кралско семејство ретко се гледаат во костими за капење. Во нивниот случај, тоа значи еднаш на неколку години. Причината се нивните позиции и должности, но и тоа што одморите им се одвиваат далеку од очите на јавноста. Сепак, сегашниот крал Чарлс III и сопругата кралица Камила Паркер Боулс паднаа во замка на папараците додека уживаа на егзотичниот Барбадос.

Чарлс и Камила уживаа во шармот на Барбадос далеку од Британија и должностите. Телохранителите внимателно ги следеа во чекор, а тие веројатно и покрај тоа успеаја да се опуштат.

kralj Čarls, Kamila Parker Bouls

 

Принцот од Велс, како што тогаш гласеше титулата на актуелниот крал на Обединетото Кралство, и неговата партнерка го посетија овој егзотичен остров во 2019 година. Нивните фотографии од одмор очекувано привлекоа големо внимание. А да не беа телохранителите и фактот дека не секој може да си дозволи одмор на Барбадос, тие двајца изгледаа како секој друг пар.

Не беа баш координирани кога станува збор за костимите за капење, но секој го носеше она што го сака.

 

kralj Čarls, Kamila Parker Bouls

Фотографиите од Чарлс и Камила во костими за капење, имајќи предвид колку ретко може да се видат членови на дворот во вакви изданија, се исклучително ретки глетки.

Пред неколку години, фотографиите на Кејт Мидлтон од плажа направија огромен бум. Додуша, уште позабележителни беа нејзините топлес фотографии кои започнаа вистински скандал. „За прекрасно чудо“, речиси никогаш не се зборува за тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk