logo
logo
logo

Цел живот ПОГРЕШНО ја користите кремата за сончање: ДЕРМАТОЛОГ открива како правилно се нанесува на кожата!

Vecer | 30.06.2022

Цел живот ПОГРЕШНО ја користите кремата за сончање: ДЕРМАТОЛОГ открива како правилно се нанесува на кожата!

Сезоната на сончање во голема мера започна, па затоа е идеално време да се забавуваме прашувајќи се дали правилно користиме крема за сончање.

Како најдобро да се заштитиме од сонцето? Прашање кое веројатно си го поставувате почесто сега отколку во другите делови од годината. Колку крема е доволна, дали треба повторно да се нанесе после капење... Сето ова се прашања на кои често бараме одговори кога се палиме на сонце или непосредно пред сончање.

Како најдобро да се заштитиме од сонцето? Прашање кое, веројатно, си го поставувате почесто сега отколку во другите делови од годината. Колку крема е доволнo, дали треба повторно да се нанесе после капење... Сето ова се прашања на кои често бараме одговори кога ќе изгориме на сонце или непосредно пред сончање.

 

„Ако сте во вода некое време или се потите, повторно нанесете крема на секои неколку часа или најдобро е да останете под чадор кога можете да не бидете на директна сончева светлина“, вели д-р Лоренс Грин, овластен дерматолог и клинички професор по дерматологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Џорџ Вашингтон, пишува Healthline.

Грин дополнително сугерира да користите креми за сончање или лосиони, а не спрејови од практични причини.

„Кога користите спреј, многу од него оди во воздухот, а не на кожата, така што имате помала заштита отколку што мислите. Тие, исто така, можат да ве остават со нерамномерна заштита ако не ги втриете целосно“, објаснува докторката.

Се смета дека количината на крема која треба да ја нанесеме е еднаква на една до две топчиња за пинг-понг на местата изложени на сонце.

„Не заборавајте на чувствителните области, како што се лицето, ушите, задниот дел на вратот и врвовите од стапалата или тешко достапните места како грбот“, вели дерматологот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk