logo
logo
logo

ПРЕМЕСТИЈА КУЌА СТАРА 139 ГОДИНИ, цел град се насобра да гледа (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 24.02.2021

ПРЕМЕСТИЈА КУЌА СТАРА 139 ГОДИНИ, цел град се насобра да гледа (ФОТО+ВИДЕО)

Викторијанска куќа изградена во 1882 година беше преместена на нова локација во Сан Франциско, додека граѓаните се насобраа да го видат нејзиното „движење“ по улиците.

Куќата има 480 квадратни метри и е стара 139 години, а е преместена шест блока подалеку, пренесува Еуроњуз.

Процесот на физички преместување на куќите граѓаните на Сан Франциско не го виделе скоро 50 години, поради што имаше голем интерес за настанот кој што се случи во неделата.

Преместувањето на куќата, од улицата Френклин 807, чини околу 400 000 долари (329 000 евра), но сопственикот Тим ​​Браун вели дека вреди, за да се зачува историската зграда.

Сега е преместена покрај старата мртовечница и ќе се пренамени како објект со 17 станови. На парцелата на која досега се наоѓаше куќата ќе се гради станбен комплекс од 47 единици.

Жена од локалното население изјави дека се разбудила во 6:15 часот за да го гледа потегот.

- Ова е најголемата возбуда што ја доживеав во последните 10 години, што ако се сруши?

За овој потег требаше камион со специјална приколка прилагодена за големи и широки товари, а работниците мораа привремено да ги преместат столбовите од уличното осветлување, семафорите и десетици сообраќајни знаци.

За среќа, сè помина во најдобар ред, а куќата остана во еден дел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk