logo
logo
logo

Каква легенда крие часовникот во Прага, ШТО СЕ МЕРИ И ЗОШТО Е ПОСЕБЕН

Vecer | 19.02.2021

Каква легенда крие часовникот во Прага, ШТО СЕ МЕРИ И ЗОШТО Е ПОСЕБЕН

Во центарот на Прага на Стариот плоштад се наоѓа катедралата Лунд, украсена со Астрономскиот часовник, познат како Прашки Орлој.

Овој часовник го покажува изгревањето на Сонцето и Месечината, деновите, годините, месеците и некои големи планети.

Тој претставува една од најголемите атракции во Прага, така што голем број туристи постојано се собираат на плоштадот, чекајќи да го видат излегувањето на 12-те апостоли.

Имено, покрај мерењето на времето на неколку различни начини, во него има и механизам во кој мали статуи ги претставуваат апостолите и тие се појавуваат над часовникот на секој час.

Астрономскиот часовник е изграден во 1410 година од кралскиот производител на часовници Микулаш од Кадања и Јан Шиндер, астроном.

Прашки Орлој покажува средновековна перцепција на времето, така што има историско значење.

Планетата Земја се наоѓа во центарот на часовникот. Синиот дел од овој круг го претставува небото над хоризонтот. Зборовите исток, запад, зора и самрак се напишани на латиница на часовникот, така што овој часовник служи и како референтна точка за координација.

На овој астрономски часовник има и хороскопски прстен, кој ја претставува позицијата на ѕвездите на небото и се движи кон нивната позиција.

Постојат уште три помали часовници на часовникот што го прикажуваат старото чешко време, средноевропско време и вавилонското време. Вавилонското време, патем, се разликува според сезоната - часови  те се пократки во зима и подолги во лето, а Орлој е единствениот часовник во светот што може да ги измери.

Поминуваат векови, а овој часовник сè уште отчукува

Централниот дел на овој часовник е завршен во 1410 година, а часовникот сè уште функционира, што го прави еден од најстарите функционални часовници во светот.

Легендата за часовничарот

Легендата вели дека во мрачниот среден век, Прага била дом на најталентираниот часовничар кој го направил најубавиот часовник на светот, оној што совршено прецизно го мери времето. За да бидат сигурни дека часовничарот никогаш не би направил друг таков убав часовник за некој друг, неговите клиенти го ослепиле, и оттогаш се верува дека часовникот е проколнат.

Легендата исто така вели дека градот ќе биде во голема неволја доколку часовникот престане да се одржува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk