Софија Магдалена Шол имала само 21 година кога била погубена. Судот во Минхен ја осудил на смрт поради ширење антивоени памфлети и оспорување на политиката на Адолф Хитлер. Била погубена со обезглавување со гилотина на 22 февруари 1943 година. Нејзините последни зборови биле: Боже, вечноста е моето прибежиште.
Тогаш нејзиниот брат Ханс и нивниот пријател и истомисленик Кристоф Пробст биле егзекутирани заедно со Софија. Тоа било организација која ги собрала противниците на нацизмот, кои ја воделе својата борба против политиката на Хитлер преку ненасилни средства.
Врвот на нивната борба е дистрибуцијата на памфлети меѓу студентите.
За време на една таква акција биле уапсени Ханс Шол и Кристоф Пробст. Гестапо ја уапсиле и Софија, а судиите првично сметале дека таа е невина и дека нема никаква врска со движењето на отпорот. Сепак, таа се задолжила да ги заштити преостанатите членови на Белата роза.
„Некој мораше да го направи првиот потег. Многу други го мислат тоа што го напишавме и кажавме. Тие едноставно не се осмелуваат тоа јавно да го кажат“, рекла Софија на судењето.
Софија и нејзините другари биле фатени благодарение на дојавата од Јакоб Шмит, чувар на Универзитетот во Минхен. Видел кога оставиле памфлети во ходникот. Шмит добил награда од 3.000 марки и унапредување од Гестапо. По војната бил уапсен и осуден на пет години затвор Интересно е што еден памфлет бил спасен и прошверцуван во Англија преку Шведска. Британците испечатиле милиони памфлети и ги фрлија во авиони над Германија. Тие памфлети ги нарекле „Манифест на студентите во Минхен“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата