logo
logo
logo

Бројот на невработени во Германија се зголеми повеќе од очекуваното

Vecer | 27.09.2024

Бројот на невработени во Германија се зголеми повеќе од очекуваното

Стапката на невработеност во Германија во септември изнесуваше шест отсто, исто како и минатиот месец, се наведува во извештајот објавен денеска на германската Федерална агенција за труд.

 „Есенското заживување на пазарот на труд е бавно“, ги коментираше резултатите Андреа Налес, директорката на оваа организација.

Вработеноста во Германија расте со побавно темпо, додека бројот на слободни работни места во вториот квартал од 2024 година е намален за околу 15 отсто во однос на претходниот квартал.

Во посебен извештај на Институтот за економски истражувања ИФО, кој беше објавен денеска, се наведува дека германските компании се помалку се подготвени да вработат нови работници.

Структурните проблеми на германската економија постепено се одразуваат на пазарот на трудот, изјави менаџерот за истражување на ИФО, Клаус Волрабе. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk