logo
logo
logo

БРОЈКИТЕ НЕ ЛАЖАТ: Компанија прави МИЛИОНИ оти работниците се ДОМА

Vecer | 30.04.2021

БРОЈКИТЕ НЕ ЛАЖАТ: Компанија прави МИЛИОНИ оти работниците се ДОМА

Со олабавување на ограничувањата поврзани со коронавирусот, се повеќе луѓе резервираат патувања и хотели преку Интернет. Тоа е добро за рекламниот бизнис на Google. Сепак, вработените во таа компанија сè уште работат од дома и не патуваат толку многу на службени патувања - што е добро и за деловното работење на Google.

Конгломератот Alphabet Inc., кој инаку е сопственик на Google, заштеди 268 милиони долари на патувања, промоции, забава во текот на првиот квартал, во споредба со истиот период минатата година, и тоа е првенствено резултат на коронавирусот, покажа извештајот на компанијата.

Годишно, тоа би било повеќе од милијарда долари.

Всушност, Alphabet“ во својот годишен извештај вели дека трошоците за рекламирање и промоција паднале за 1,4 милијарди долари во 2020 година, бидејќи компанијата ги намалила трошењата, паузирала или ги презакажала кампањите и променила некои настани во формати кои се само дигитални поради пандемијата.

Трошоците за патувања и забава паднале за 371 милиони долари. Заштедите компензираат многу од трошоците направени при вработување илјадници други работници.

Законот за работни односи е повеќе на страната на кандидатите за работа отколку на работодавците

Google е познат по придобивки како што се маси за масажа, ресторани, корпоративни годишни одмори - придобивки што влијаат на поголемиот дел од работната култура на Силиконската долина.

Повеќето работници сега работат од дома и се без тие поволности од март 2020 година. Сепак, компанијата планира да се врати во канцеларијата до крајот на оваа година.

Извршниот директор Рут Порат им рече на инвеститорите дека компаниајта планира „хибриден“ модел - ќе има повеќе простор по работник отколку порано.

Порат исто така рече дека Гугл ќе продолжи да инвестира во своите недвижнини низ целиот свет

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk