logo
logo
logo

Британскиот сој на корона не предизвикува потешки форми, покажа научна студија

Vecer | 13.04.2021

Британскиот сој на корона не предизвикува потешки форми, покажа научна студија

Во научното списание „Лансет“ е објавена студија за многу заразна варијанта на коронавирус, создадена во Велика Британија, т.н. британски сој.

Иако експертите досега тврдеа дека станува збор за поопасна варијанта на коронавирус, според најновото истражување, британската варијанта не предизвикува потешки форми на Ковид-19, кои задолжително бараат хоспитализација или завршуваат со смрт.

Студијата опфаќа група од 496 ковид пациенти, примени во британските болници во ноември и декември минатата година и нивната состојба беше анализирана во компаративна студија со пациенти заразени со други варијанти на коронавирус.

Резултатите од студијата покажуваат дека кај заразените со вирусот Б.1.1.7. не е потврден поголем ризик од сериозна клиничка слика и смрт отколку кај другите видови.

Британската варијанта на коронавирусот позната како Б.1.1.7. првпат беше откриена кон крајот на минатата година во Велика Британија и наскоро стана најраспространета во САД, потврдија од американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk