logo
logo
logo

Британски тинејџер до смрт избодел свој врсник, му се заканува доживотен затвор

Vecer | 30.11.2021

Британски тинејџер до смрт избодел свој врсник, му се заканува доживотен затвор

Она што започна како „ситен, адолесцентски гнев“ заврши со убиство во јуни, кога 16-годишник го избоде до смрт Хумза Хусеин, исто така 16-годишник, пред средното машко училиште „Чалин“ во Лутон. Го прободел со нож три пати во градите.

За време на судскиот процес, кој започнал на почетокот на овој месец, обвинителството го опишало убиството како одмазднички напад што се случил среде бел ден на прометна улица.

Вчера во судот во Лутон, обвинетиот тинејџер, кој не може да се идентификува поради неговата возраст, е прогласен за виновен за убиство и му било кажано дека треба да очекува доживотна казна затвор. На поротата и биле потребни два часа и 20 минути за да донесе едногласна пресуда.

Обвинителот Ричард Рајт рече дека граѓаните, болничарите и наставниците интервенирале откако Хумза бил избоден со нож. Тој бил пренесен во болница, каде што починал.

„Тоа беа катастрофални и на крајот неподносливи повреди. Нема сомнение дека Хумза е убиен од обвинетиот. Тој употребил голем нож што го сокрил во облеката“, рече Рајт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk