logo
logo
logo

БРИТАНСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ: Индискиот сој можеби не е толку заразен!

Vecer | 19.05.2021

БРИТАНСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ: Индискиот сој можеби не е толку заразен!

Способноста за трансмисија на индиската мутација на коронавирус Б.1.617.2 може да биде многу помала отколку што се веруваше претходно, рече еден од водечките британски епидемиолози во средата, но и дека моменталните вакцини може да не се толку ефикасни во сузбивање на истата.

Премиерот Борис Џононсон во петокот рече дека појавата на индиската мутација може да го попречи неговиот план за целосно укинување на локдаунот во Англија на 21 јуни.

Според премиерот, ако мутација е само малку попренослива од мутацијата „Кент“, тогаш олеснувањето на мерките може да оди според планот, но ако индиската мутација има значително поголем капацитет за трансмисија, тогаш Џонсон би бил принуден да го преиспита објавениот план за отворање на земјата.

Епидемиологот Нил Фергусон од Империјал колеџот во Лондон рече дека сè уште има трошка надеж.

„Иако се чинеше дека индиската мутација има значителна предност во трансмисијата, се чини, според последните податоци, дека е помала отколку што се веруваше порано“, рече Фергусон.

Фергусон додава дека владата верува дека вакцините штитат од тешки форми на болеста предизвикана од варијантата Б.1. 617,2, но исто така и дека оваа мутација полесно се шири кај вакцинирани лица, т.е. ефикасноста на вакцината во однос на оваа мутација е намалена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk