logo
logo
logo

Британски богаташ малку се преценил: Бара ПОСЕБНА жена, еве што СМЕЕ, а што не

Vecer | 21.01.2022

Британски богаташ малку се преценил: Бара ПОСЕБНА жена, еве што СМЕЕ, а што не

Познат британски милионер ги открил карактеристиките и работите што ги очекува од својата идна избраничка, поради што стана вистински хит на социјалните мрежи.

Имено, за разлика од неговите „колеги“ милионери, тој не се фокусирал на изгледот, туку на прилагодувањето на секоја животна околност, како и на самата личност.

Енди Скот (41) од Плимут својот прв милион го заработил  на 26 години. Продолжил да го зголемува своето богатство се додека на 30-годишна возраст не останал без ништо поради економската криза која го зафати светот. Сепак, успеал да се издигне од пепелта и повторно да ја создаде империјата, а сега, како што вели, конечно може да се сврти кон семејството и да ја побара вистинската девојка за брак. Вели му треба  „посебна личност“ која може со него летата да ги поминува крстарејќи по Медитеранот, а зимите на Алпите.

„Сакам семејство, но тешко е да се најде некој што ги исполнува сите посакувани критериуми. Мојот хипнотерапевт ми рече дека ако се трудам како и околу работата, можам да најдам партнер, нема шанси да не најдам некого“, изјавил Енди за медиумите, додавајќи дека е убеден оти навистина ќе биде среќен само кога ќе најде сродна душа.“

„Претприемачкиот живот значи осаменост, а ви треба некој со него да ги споделите сите добри и лоши работи, да ги преиспитате своите избори“, рекол Енди.

 

А што бара Енди од партнерката? Ова е неговиот список

- Интелигентна, уникатна девојка која не се сфаќа премногу сериозно и живеела интересен живот. Ја мрази просечноста и успеала во нешто, што и да е тоа.

- Жена која не е родена со златна лажица во устата, која сама постигнала нешто.

- Жена која се грижи за себе и за својот изглед. Мора да вежба пет пати неделно и да се гордее со својот изглед.

- Жена која не е зависна од социјалните мрежи, која знае да се исклучи од интернет.

- Жена достојна за мојата доверба.

- Камелеон кој ќе се снајде во сите ситуации и кој подеднакво може да присуствува на гала настан и на забава за тинејџери. Жена која може да биде и сериозна и дете, жена која може да биде и гламурозна и да ги засука ракавите.

- Жена која ја сака природата и прошетки, вода, едрење и која не глуми принцеза, но може да се прилагоди на сите услови.

- Жена која сака да се смири и сака деца, но и разбира дека животот не завршува со децата и дека семејниот живот може и треба да биде забавен и полн со авантури.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk