Некогашната тинејџерска актерска ѕвезда, Шенон Доерти почина по долга борба со ракот, а нејзиниот брат од тинајџерската хит серија „Беверли Хилс“, Џејсон Пристли тажен поради смртта на својата голема пријателка напиша:
- Шокиран сум и тажен кога слушнав за смртта на мојата пријателка Шенон. Таа беше сила на природата и ќе ми недостига. Испраќам љубов на нејзиното семејство во ова мрачно време - напиша 54 годишниот Пристли во емотивната објава во која се прости од својата колешка.
Актерката инаку, долги години се бореше со ракот. Во 2015 година и бил дијагностициран рак на дојка, а минатата година дознала дека и дал метастази. Се проширил до мозокот, а потоа и коските.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата