logo
logo
logo

Бред Пит ЈА ПОБЕДИ Анџелина Џоли

Vecer | 27.05.2021

Бред Пит ЈА ПОБЕДИ Анџелина Џоли

Бред Пит победи во голема судска битка против Анџелина Џоли откако нејзиното сведочење беше прогласено за неверодостојно.  По пет години, судот му додели на Бред Пит заедничко старателство над децата што ги има со актерката Анџелина Џоли.

"Му олесна. Сега само сака да помине што е можно повеќе време со своите деца", изјави за „Дејли" извор близок на актерот, кој скоро пет години се обидува да добие еднакви права над нивните шест деца на суд.

„Одредбата за старателство е значително променета врз основа на исклучително деталната одлука на судијата“, додаде изворот, истакнувајќи дека Бред само се обидуваше да добие повеќе време со своите деца, а Анџелина се обидуваше да го спречи тоа на сите можни начини. Судијката го прогласи нејзиното сведочење за несигурно.

Актерката ќе ја продолжи својата правна битка затоа што верува дека одлуката на судијата нема да биде трајна.

„Заедничкото старателство не е нешто на што Анџелина се спротивставува, имаше и други причини за загриженост, но судењето заврши“, рече изворот.

Да потсетиме, поранешната двојка, ја добија ќерката Шајло и близнаците Нокс и Вивиен за време на нивната 10-годишна врска. Покрај тоа, Пит ги посвои Медокс, Пакс и Захара, како што тоа го стори и Џоли претходно.

Анџелина поднесе барање за развод од Бред во септември 2016 година поради непомирливи разлики и оттогаш секој од поранешните сопружници потроши повеќе од 1 милион долари за судски трошоци.

Актерката ја продаде сликата на Винстон Черчил која ѝ ја подари Бред на почетокот на оваа година, а првично се пипуваше дека то го направила за да се ослободи од брачните спомени. Но, според странските медиуми, таа тоа го сторила за да ги олесни трошоците за судењето, a за сликата добила 11,5 милиони долари на аукција во Лондон на почетокот на овој месец.

Познатата американска адвокатка Кели Чанг Рикерт за Дејли Меил изјави дека нивната тужба за развод може да биде една од најскапите во историјата на Холивуд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk