Бред Пит и Џенифер Анистон меѓу поканетите на роденденската забава кај Ди Каприо

Гламурозната роденденска забава во елитниот дел од Лос Анџелес собра многу познати лица од светската културна сцена. Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо го прослави 44. роденден во свој стил. Тој приреди голема забава, на која меѓу другите ги покани и своите добри пријатели Бред Пит и Џенифер Анистон.

Странските медиуми го чекаа овој момент повеќе денови, со цел барем накратко да ги забележат реакциите на поранешните брачни другари кога ќе се затекнат на исто место.

Но, за нивна жалост, средбата беше избегната во последен момент. Пит го откажал своето доаѓање поради актерскиот ангажман на кој моментно работи, но Џенифер сепак се појави на забавата. Таа пристигна облечена во тесни фармерки, чизми со целосна петица и црна јакна, подготвена за луда забава долго во ноќта.

Со Ди Каприо, исто така, славеа Гвинет Палтроу, Рита Ора, Кејт Бекинсејл, Алекс Родригез, Џеј-Зи и Бијонсе, Енди Гарсија, Роберт де Ниро и многу други.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари