logo
logo
logo

Бракот на Макрон: „Претседателот ја бара Брижит на секој час и половина, тие секогаш знаат што прави другиот“

Vecer | 12.09.2021

Бракот на Макрон: „Претседателот ја бара Брижит на секој час и половина, тие секогаш знаат што прави другиот“

Најновата биографија на францускиот претседател Емануел Макрон (43) открива нови детали за неговата врска со неговата 25-години постара сопруга Брижит Макрон (68).

Авторката е француската новинарка Гаел Чакалоф (49), која се спријателила со Maкронови во 2016 година и ги следела внимателно во текот на изминатата година и половина па ја напиша биографија за „Се додека сме заедно“.

Биографијата, која се уште не е официјално потврдена од претседателот и неговата сопруга, ги содржи нивните цитати и ги прикажува како двојка која прави се заедно и кои се плашат да направат било што без знаење на другиот, пишува  Daily Mail.

Авторката открива во книгата како била „фасцинирана“ од нивната љубовна приказна, таа исто така наведува дека францускиот претседател и се јавува на сопругата секој час и половина и дека таа е неговата најдоверлива личност.

Анонимни извори блиски до претседателската двојка, исто така, зборуваа за нивната силна врска и открија дека Брижит е исклучиво посветена на успехот на нејзиниот сопруг.

- И двајцата се исклучително интелигентни, поврзани на различни нивоа и, покрај тоа, се уште многу заљубени. И двајцата сакаат книги и читање и нивниот пристап кон животот е токму тоа. Кога разговарате со Брижит или Емануел, нивниот говор е полн со литературни алузии. Мојата книга не е политичка книга, туку книга за љубовта. Кога ги видов заедно, а ги гледав често, тие секогаш се допираа и бакнуваа во образот - откри авторката на книгата.

- Зборуваат кога и колку можат, дење и ноќе. Нејзината канцеларија се наоѓа во женското крило на приземјето од Елисејската палата, а неговата е на првиот кат, па често се гледаат - вели авторот.

Иако Макрон е близок со својата мајка, мајчинската улога на Брижит кон нејзиниот сопруг неколку пати се провлекува низ книгата. Писателот истакнува дека мајката на Макрон и Брижит, која е три години помлада од нејзината свекрва, имаат пријателски односи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk