logo
logo
logo

БРАКОТ им се распаднал заради неговите ФЕТИШИ! А сопругата никогаш НЕ ја видел без шминка!

Vecer | 29.06.2022

БРАКОТ им се распаднал заради неговите ФЕТИШИ! А сопругата никогаш НЕ ја видел без шминка!

Љубовната приказна на Присила и Елвис Присли повторно го привлекува вниманието на јавноста, благодарение на филмот „Елвис“ на Баз Лурман, кој беше дочекан со аплауз на неодамнешниот филмски фестивал во Кан.

Главните улоги во биографското остварување ги толкуваат Остин Батлер кој го толкува ликот на Елвис Присли и познатиот Том Хенкс кому му припаднала улогата на менаџерот на познатиот музичар и полковник Том Паркер.

Филмот ја прикажува комплицираната врска помеѓу Елвис и човекот кој управувал со неговата кариера, а во центарот на се е љубовта на музичката легенда и Присила Присли, која присуствувала на премиерата во Кан.

Бракот на Присила и Елвис, кој траел од 1967 до 1973 година, беше важна тема во нејзините мемоари во кои откри дека нејзиниот сопруг никогаш не ја видел без шминка, бидејќи постојано морала да го следи и да се дотерува. Во видеото ќе дознаете повеќе детали од нивната љубовна приказна, како и, според мислењето на многумина, бизарен детаљ од интимноста на пејачот, кој исто така многу влијаел на неговиот брак.

Наводно, токму неговиот фетиш влијаел на нивните интимни односи и го водел до други жени.

И покрај сите проблеми, Присила Присли (77) го чува споменот на Елвис Присли, а пред неколку години изнесе шокантно тврдење за неговата смрт во 1977. За што станува збор, погледнете во видеото!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk