Корин Волер, брачна советничка од Минесота, откри на што најмногу се жалат жените кога се во прашање проблемите во врската.
Имено, според нејзиното мислење, она што најмногу им пречи на жените е тоа што секогаш мораат да им кажат на своите сопрузи што да прават кога се обидуваат да се договорат за поделбата на домашните работи.
Таа додаде дека ова е пример за „активна одговорност“, која се спротивставува на „пасивната одговорност“.
Таа тврди дека жените припаѓаат на првата група, а мажите во втората, што предизвикува тензија во врската.
Пример за активна одговорност е кога размислувате за тоа кои работи треба да се завршат и на крајот навистина ги извршувате.
„Пасивна одговорност е кога некој има слободно време и може да помогне во работата, но сепак чека некој да му каже да го направи тоа“, објасни таа.
@corrinthecounselor Passive Responsibility vs Active Responsibility #relationships #therapy #ThatCloseMessenger #marriage #IDeserveTuitionContest ♬ original sound - Corrin Voeller