logo
logo
logo

Боже, колку малку фалеше да умрам на лице место: Ме разбуди силна експлозија, а она што го видов на перницата ме преплаши!

Vecer | 14.10.2021

Боже, колку малку фалеше да умрам на лице место: Ме разбуди силна експлозија, а она што го видов на перницата ме преплаши!

Едно утро, Рут Хамилтон ја разбудила силен тресок. Таа најпрвин не можела да сфати од каде доаѓа бучавата се додека не погледнала во таванот и не забележала дупка. Секунди потоа, таа била покриена со прашина. Станала од кревет и видела дека на перницата имала камен со големина на тупаница.

Во паника, Рут ја повикала полицијата која утврдила дека каменот е метеор. Имено, станувало збор за метеор стар неколку милијарди години, пренесува Дејли Стар.

-Според сведочењата на луѓето таа вечер на небото се појавила силна светлина и се слушнала силна експлозија. Мислев дека некој провалил во мојот дома и бев преплашена. Искрена да бидам почуствував олеснување кога сфатив дека нешто паднало од небото, вели Рут.

Таа и додава дека е целосно воодушевена што метеор паднал во нејзината спална, особено што овој камен е стар неколку милијарди години. Но, она кое го истакнува и дека е исклучително среќна бидејќи доколку метеорот паднел неколку сантиметри на страна тогаш таа веројатно би била мртва.

-Единствено што мислам сега е дека животот е скапоцен и дека треба да го живееме секој ден како последен. Може да исчезне во секој момент – дури и тогаш кога мислите дека сте безбедни и сигурни во вашиот кревет, додава таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk