Болница во Виена за 95.000 евра ангажирала „ловец“ на лоша енергија

Болница во Виена, Австрија потпишала договор вреден 95.000 евра со истерувач на негативна енергија. Надлежните го ангажирале „ловецот“ на штетни бранови за енергетски да ја прочисти новоизградената болничка зграда.

Се огласила и виенската бискупија која на Твитер соопштила дека целосно непотребно е ангажиран овој истерувач на негативна енергија, бидејќи црковниот благослов бил сосема доволен, а и поевтин. Стручњакот, кој болницата го ангажирала да направи „заштитен енергетски прстен“ околу објектот, за своите вуду-услуги, според договорот, би требало да наплати 95.000 евра. Меѓутоа, овој проект е запрен бидејќи овој скандалозен договор протекол во јавноста. Според медиумите, три лица биле приведени во врска со скандалот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари