logo
logo
logo

БОЈАТА на долната облека испраќа јасна порака за вас: Ќе се изненадите што 1 открива за вас!

Vecer | 21.01.2022

БОЈАТА на долната облека испраќа јасна порака за вас: Ќе се изненадите што 1 открива за вас!

Моќта на совршениот комплет долна облека не може да се негира, но бојата што ја носите кажува многу за вас. Без разлика дали црвената е вашиот сигурен избор или класичната црна е вашата омилена боја кога станува збор за долната облека, ви го откриваме вистинското значење на вашиот избор.

"Различните бои можат да предизвикаат различни емоции. Боите се одлична невербална форма на комуникација. Избраната боја дава повеќе детали за вашата личност, расположение, емоции и чувства. На пример, црните гаќички покажуваат дека жената има самоуверен карактер", објаснува Барбара Сантини, психолог и советник за секс и врски.

„Виолетовата боја е една од најпопуларните бои кога станува збор за долната облека и беше најпопуларна и во текот на 2021 година. Традиционално, виолетовата се поврзува со кралството и луксузот. Скапа е и укажува на женствена и романтична привлечност“, истакнува Барбара.

Црна

Елегантна, шик и софистицирана долна облека.

„Кога сакате да пренесете мала мистерија и да покажете дека вие сте таа што ја има целата моќ, изберете свилена, целосно црна долна облека, а предвид доаѓа и убавата црна тантела“, вели психологот.

Црвена

Страсна, огнена и интензивна долна облека.

Според експертите, тоа е вообичаена боја која се поврзува со страста. На ист начин како што црвениот кармин го привлекува вниманието кон нашите усни, сексуалните советници велат дека црвената долна облека покажува возбуда и желба.

Розова

Женствена, младешка и невина долна облека.

Ако розовата е вашиот избор кога се градниците и гаќичките во прашање, тогаш тоа би можело да биде знак дека сте „меки и слатки“, сметаат експертите.

"Каде црвено вреска, розовото шепоти. Розовата боја покажува нежност и женственост. Таа е младешка и изгледа невино", истакнува експертот.

Сина

Лојална, верна и безбедна долна облека.

Сината долна облека е малку помалку популарна од црвената или црната, но кога добро се носи, пренесува нешто што ниту една друга боја не може, откриваат експертите.

„Уште од средниот век сината е симбол на лојалност. Ако сакате да покажете дека вашата наклонетост е само кон него, облечете ладна, мирна и опуштена сина“, истакнува Барбара.

Зелена

Желба и љубомора.

Има причина зошто велат дека некој е „зелен од завист“, посочуваат експертите, а тоа е затоа што смарагдната нијанса го претставува токму тоа. Иако зелената боја може да го поттикне вашиот партнер да „подиви од желба“, таа често се поврзува со љубомора, особина која не е достојна за восхит.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk