logo
logo
logo

Видео

Блогер глумел КОРОНА НАПАД, па сега ќе ДРЕМЕ во ЗАТВОР!

Vecer | 03.08.2021

Блогер глумел КОРОНА НАПАД, па сега ќе ДРЕМЕ во ЗАТВОР!

Во февруари 2020 уапсен е таџикистанскиот блогер Караматуло Јаборов затоа што во метрото во Москва предизвикал општа паника кога исценирал „корона напад“.

Судот во Мосва вчера донел одлука за казната на блогерот, која ќе изнесува две години и четири месеци затвор.

- Караматуло Соломонович Јаборов е осуден, по параграфот 213, втор дел (хулиганство, извршено од група лица со заговор) на 2,4 години затвор, прогласил судијата.

Судот ќе го земе предвид и времето кое го поминал во истражниот затвор.

Станислав Меличов и Артур Исаченко, пријателите кои му помагале во сценирањето на нападот и кои ширеле паника во метрото, се осудени на 2 години условни казни.

До изрекувањето на пресудата Јаборов бил во притвор, додека неговите пријатели биле во домашен притвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RT DE (@de_rt_com)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk