logo
logo
logo

Благодарение на неа Хитлер постигнал апсолутна доминација над луѓето: Оваа жена диктаторот ја ОБОЖУВАЛ (фото)

Vecer | 08.12.2021

Благодарение на неа Хитлер постигнал апсолутна доминација над луѓето: Оваа жена диктаторот ја ОБОЖУВАЛ (фото)

Лени Рифенштал била една од најзаслужните лица за популарноста на Хитлер во Германија. Имено, таа режирала и снимала импресивни филмови кои добро му послужиле на Афолф Хитлер за пропагандни цели.

Родена 1903 година во Берлин, под полно име Хелена Берта Амелија Рифенштал, во семејство на богати германски родители. Се занимавала со играње, а подоцна се префрлила на филм. Вниманието на Хитлер го привлекла со нејзиниот филм под назив “Сино светло“. Филмот сама го режирала, а тој освоил сребрен медал на Венецијанскиот филмски фестивал.

Симпатиите помеѓу Хитлер и Лени биле заемни. Таа била одушевена кога ги слушала неговите говори и кога ја прочитала неговата книга Mein Kampf.

Му напишала и побарала состанок со него, тој прифатил и така започнала нивната долгогодишната соработка.

Првиот филм кој го снимила за него бил познат под името “Победа на верата“. Тоа всушност била снимка од нацистичкиот партиски собир во Нинберг 1933 година. Хитлер бил одушевен и ја ангажирал за снимање на следниот партиски собир 1934 година. Така и настанал филмот “Триумф на волјата“, можеби еден од најславните пропагандни филмови од кога било. Филмот прикажува величествен организиран партиски собир на кој учествувале 700.000 нацисти.

Познат е и филмот во кој Лени ги снимала Олимписките игри во Берлин 1936 година. Филмот се викал „Олимпија“ и се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња. Во филмот не го изоставила ни афроамериканскиот спортист Џеси Овенс.

После Втората светска војна Лени е уапсена, но е ослободена без да се подигне обвинение.

Починала 2003 година во 101 година, во гратчето Пекинг во Баварија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk